Зошто не сме расположени кога паѓа дожд?

Дали сте се запрашале некогаш зошто се чувствувате толку уморно, поспано и депресивно кога врне, или кога е облачно и сиво?

Дури и ако не чувствувате некоја од овие „ тешки“ емоции, во вакви денови вам барем некогаш ви се случува да ви е досадно, односно посакувате да лежите сами во мир.

Доколку дождливите денови и сивите облаци влијаат на вашето расположение – сосема е сигурно дека не сте единствените во светот. Лошото расположение предизвикано од времето е толку вообичаено што постои и медицински израз за него, познат како Сезонска депресија ( или Seasonal affective disorder (SAD)).

Серотонин и Мелатонин

Според некои студии, за лошо расположение во текот на дождливите денови одговорни се два хормони: Серотонин и Мелатонин

Серотонинот е хемикалија која нам ни пружа чувство ма благосостојба, енергија и добро расположение. Кога е тој низок, големи се шансите да се чувствуваме поспани, заморни и лошо расположени.

Мелатонинот ем од друга страна хемикалија која ни пружа чувство на поспаност. Кога нашите очи детектираат темнина таа испраќа сигнал до мозокот кој го опушта хормонот мелатонин што служи во телото за воспоставување циклус на спиење.

Важно е да се напомене дека врската меѓу овие два хормони и лошото расположение во текот на сите „сиви и депресивни“ денови се уште се проучува, иако генерално се верува дека доказите се очигледни. Нам ни е познато дека мозокот опушта серотонин, кој го подига нивото на расположение, кога очите детектираат светло, а мелатонинот не успива кога детектира темнина.

Кога е небото ведро, спиеме подолго и подобро

Научниците тврадт дека безразлика нам како ни изгледа, сепак ние спиеме многу подобро кога надвор има сонце.

- Реклама -