Конечно откриена е тајната на капките дожд

Физичарите открија зошто капките дожд ги достигнуваат своите димензии не за неколку дена, како што претскажува  компјутерското моделирање, туку  за помалку од еден час.

Физичари од Израел, Русија и Финска ја открија загатката на појавата на капките дожд, откако ги согледаа нивните ембриони во услови на турбуленции.

Предмет на истражувањето на научниците станал  процесот  на брза акумулација на капките и зголемувањето на нивните димензии во областите каде има невреме во воздухот, објаснува еден од авторите, почесниот професор од Катедрата за општа физика на Московскиот физико-технички институт Михаил Либерман (исто професор на шведскиот Институт за теоретска физика NORDITA).

Овој процес им е познат на научниците од пред неколку десетици години, но досега не успевале да го  објаснат со помош на експериментални податоци. Сите претходни обиди за компјутерско моделирање покажувале дека порастот на капките од еден до сто микрометри би траел стотици часови, па дури и денови, но реално дождливите облаци се излеваат во врнежи многу брзо.

Физичарите ја проучиле акумулацијата за време на  турбуленција,  не при нормални услови (кога целиот облак е со еднаква температура).

Пресметките покажале дека оваа разлика во температурите, која се забележува во реални облаци, е доволна за забрзување на процесот на акумулацијата на капките и зголемувањето на нивните димензии,  илјадници пати. Ова овозможува да се објасни падот на врнежите.

Според Михаил Либерман „зголемувањето на локалната концентрација на ембрионот капки, илјадници пати доведува до зголемување на фреквенцијата на судири меѓу капките милиони пати (пропорционално на квадратот на концентрацијата)”.

При судирите капките се спојуваат со капки со поголеми димензии. Тие постојано растат како резултат на секој судир на две капки, потоа по судирот на две поголеми, па како резултат времето на пораст од еден до педесет микрони,  се скратува само до десет минути.

Така научниците веќе се здобиле со теоретски модел, кој се помири со она што се забележува во реалноста.

Работата на научниците ќе бидат објавени во списанието Atmos. Chem. Phys, а со нивната достапната  верзија можете да се запознаете тука .

- Реклама -