Италијанскиот производителот на спортски автомобили Ермини ќе биде прероден наскоро. Се подготвува сосем нов модел што ќе го видиме веќе следната година. Првото возило од оваа марка е произведено во 1947 година, а последното во 1962. Автомобилите на компанијата учествувале успешно во голем број натпревари, а користеле мотори на Fiat.
Во моментов се подготвува сосема нова спортска машина, која засега го носи работното име 686. Тоа ќе биде возило со погон на четири тркала и со мотор во задниот дел. Каросеријата ќе биде од јаглеродни влакна.
Автомобилот ќе има спортска суспензија и моќни механизми за сопирање. Сѐ уште не е јасно каков мотор ќе се вградува, но инженерите кои работат на проектот, велат дека ќе биде посветено особено внимание на економичноста, како и на екологијата.
За изгледот на Ermini 686, компанијата производител користи помош на Италијанецот Џулио Капелини, едно од најголемите имиња во креирањето на мебел, како и индустриски дизајн. Претходно Италијанците планираа да преродат и друга марка, De Tomaso, а иницијатор на оваа идеја беше бизнисменот Жан Марио Росињоло, кој бил на раководни позиции во Lancia, Telecom Italia и Zanussi.
Работилница за дизајн Pininfarina направи концепт на првиот модел и започнаа подготовки за негова реализација. Работите сепак пропаднаа, откако Росињоло одлучи да ги продаде правата за производство, а контролниот пакет на акции на компанијата беше купен од кинеската фирма Hotyork.
Во јули оваа година Росињола беше уапсен и обвинет за неовластено користење на 7,5 милиони евра, кои биле одвоени за проектот „преродба на De Tomaso“.
Објавено во соработка со Авто Плус.