Volkswagen соопшти дека GTS верзијата на новиот Scirocco што ја видовме за прв пат пред неколку месеци, сепак ќе се појави на пазарот. Scirocco GTS е посебен модел, кој се одликува со уникатен визуелен пакет и може да биде опремен со четири различни моторот – два бензински и два дизел.
Во споредба со стандардното Scirocco, моделот GTS се одликува со посебен визуелен пакет. Тој вклучува црвено-црни ленти, кои поминуваат низ целото купе, црвени странични ретровизори, спојлер од Scirocco R, заден браник со интегриран дифузер и 18 или 19-инчни тркала. Внатрешноста има црн тапацир со контрастни црвени шиени рабови, таблата е прелиена со црн пијано лак, спортски управувач и менувач и ознаки со името на моделот.
Бензинските агрегати се 1,4 литарскиот TSI (160 КС) и поголемиот 2.0 TSI кој генерира 210 КС. Дизелската понуда ги вклучуваат 2,0 литарскиот TDI, нудејќи 140 КС, како и неговата BlueMotion верзија и моќна модификација со 170 КС. Scirocco GTS ќе се нуди на сите пазари во Европа, а цените во Германија стартуваат од 28.100 и достигнуваат до 33.525 евра.
Објавено во соработка со Авто Плус.