Volkswagen L1 – автомобилот на иднината?

volkswagen-l1Најголемиот хит на овогодинешниот саем на автомобили во Франкфурт беше концепт автомобилот на Фолксваген наречен едноставно L1. Од производителот на достапни автомобили за широките маси велат дека развојот на концептот е при крај и се уверени дека ќе започнат со масовно производство најдоцна во 2013 година. Она што е зачудувачко за овој автомобил е економичноста. L1 ќе троши 1 литар на 100 километри!

Најголемиот хит на овогодинешниот саем на автомобили во Франкфурт беше концепт автомобилот на Фолксваген наречен едноставно L1. Од производителот на достапни автомобили за широките маси велат дека развојот на концептот е при крај и се уверени дека ќе започнат со масовно производство најдоцна во 2013 година. Она што е зачудувачко за овој автомобил е економичноста. L1 ќе троши 1 литар на 100 километри!

Volkswagen L1За да ја постигнат неверојатно ниската потрошувачка на гориво, конструкторите морале да создадат економичен мотор, ефикасен пренос на енергија, супер аеродинамика и максимално да ја намалат тежината на автомобилот.

Па така, Фолксваген L1 ќе го придвижуваат два мотори – првиот, турбо-дизел мотор со два цилиндри и моќност од 39 коњски сили, а вториот електричен, со моќност од 14 коњски сили. Погонот е на предните тркала и е оптимизиран за најмала можна загуба на енергија при преносот на енергија од моторите. Аеродинамиката, во содејство со малата тежина (само 380 килограми), овозможуваат овој автомобил да троши само 1 литар на 100 километри. Максималната брзина ќе му биде 160 километри на час, но доколку се вози со брзини блиски до максималната, тогаш потрошувачката пораснува до 1,38 литри на 100 километри.

Во L1 автомобилот, покрај возачот ќе има место за уште еден патник, кој ќе седи зад него, како во борбените авиони.

А, ако помисливте дека германскиот производител на автомобили тргна по патеката на „зелените“, треба да знаете дека воопшто не е така. Фолксваген ќе обезбеди нов, возбудлив автомобил и за луѓето кои сакаат возила што „голтаат бензин“. Имајте на ум дека во нивна сопственост е фабриката на Бугати, која го направи најмоќниот автомобил кој е легален на патиштата – Бугати Верон. Оттаму ни доаѓа и новиот концепт автомобил со 16 цилиндри и неверојатни перформанси кој ќе ги компензира ефектите од L1 врз животната средина.

- Реклама -