Volkswagen ја откри својата кабриолет-верзија на Golf R. Mоментно се објавени само фотографии и промо-видео за моделот, a официјални информации сѐ уште нема.
Golf R Cabrio е речиси идентичен со концептот што беше прикажан на фестивалот во Вортерзе, со ист агресивен преден дел, аеродинамични странични прагови и издувен систем со две цевки кои се во двата краја на задниот дел.
Сѐ уште не е потврден моторот што ќе го користи Golf R Cabrio, но се претпоставува дека тој ќе биде ист како и на стандардниот модел. Станува збор 2.0-литарски бензинец, односно турбо мотор со моќност од 270 КЅ и максимален вртежен момент 350 Nm. Kaj стандардната верзија тој работи со системот за погон на четири тркала 4Motion, но според некои медиуми, кабриолетот ќе може да смета само на предните тркала.
Пазарната премиера на Volkswagen Golf R Cabrio треба да се случи најдоцна до летото 2013 година.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус