Ако џогирате тогаш најверојатно слушате музика додека џогирате – зошто да не би слушале музика и кога пливате? Овие 10 водоотпорни додатоци кои ќе го заштитат вашиот смартфон од сигурна смрт.
1. Amphibx Fit Waterproof Armband
Одличен додаток за пливање и за џогирање. Оваа комбинација од водоотпорна футрола и ремен за рака ќе го заштити вашиот телефон од вода, пот и песок.
2. Surge 2G Headphones
Слушајте музика во базенот со овие удобни водоотпорни слушалки.
3. DryCase
Фотографирајте низ оваа проѕирна футрола. Футролата дури има и мини пумпа за вакуумско затворање.
4. iSport Immersion Headphones
Овие слушалки се опремени со SportClip дизајн за сигурно носење. Можете да ги користите во базен или дури и да ги измиете од пот по долго џогирање.
5. aLoksak
Оваа футрола не само што ги штити вашите електронски направи; големината овозможува заштита на облека, часовници и мапи.
6. OverBoard Smartphone Case
Патентираниот Slide Seal System на OverBoard овозможува фотографирање и снимање видео низ футролата.
7. H20 Audio Earwrap
Ако слушалките постојано испаѓаат од вашите уши тогаш овој стегач за глава е за вас.
8. Krusell SEaLABox
SEaLABox собира десетина различни телефони и овозможува 30 минути подводна забава.
9. Grace Digital Eco Pod
Со свој пар слушалки Eco Pod ќе ви овозможи да слушате музика во вода длабока до еден метар.
10. Aquapac Armband Case
Aquapac го чува вашиот смартфон и други електронски направи безбедни од вода, прав и песок. Покрај ременот за на рака футролата има и ременче за околу врат.