Водено полнење за телефони

Потребна ви е енергија за полнење на вашиот телефон или пак беспилотно летало? Само додадете вода.

Horizon Energy Systems разви еден нов тип процес во кој електричната енергија се произведува со мешање на вода со хемикалија – хидрид. При електрохемиската реакцијата меѓу хидридот и водородот и кислородот од водата доаѓа до ослободување на водородот кој се користи како енергетски извор во нивниот систем на горивни ќелии наречен AEROPAK.

AEROPAK може да се спореди со батерија, но нуди за трипати повеќе енергија од литиум-полимер батериите кои се употребуваат сега. Дизајниран е на начин што дозволува инстантна замена за батериските пакувања, па системот е идеален за употреба кај беспилотните летала при што обезбедува подолготраен лет, а со тоа и зголемен надзор, пониски оперативни трошоци и минимално приземјување при полнење на батеријата.

Додека литиумските батерии траат околу два часа, AEROPAK може да обезбеди енергија за леталото за осум часа, зголемувајќи ја можноста за 24-часовен надзор за зголемување на безбедноста во опасните средини.

AEROPAK е исто така компактен, ултралесен, крајно доверлив и безбеден извор на енергија чија примена е огромна, системот може да се употребува како извор за енергија кај повеќе електронски уреди, како на пример мобилни телефони, iPod-и, таблет компјутери и радија.

За првпат овој процес е прикажан на Marine Corps Expo 2011 во Квантико, Вирџинија (САД). Веќе се развиваат и се тестираат повеќе слични системи на горивни ќелии кои ќе овозможат поширока примена на овој процес.

Објавено во соработка со Емитер.

- Реклама -