По анкетата на Auto Express на повеќе од 50.000 сопственици на автомобили одредени се најсигурните возила во Велика Британија за 2014 година. На прво место е втората генерација на Honda Jazz, а во првите десет се наоѓаат пет јапонски, две корејски и три европски возила.
На оваа листа зад Honda Jazz се два модели на Toyota, Prius со својата трета и втората генерација на возилото. На четвртото место е Lexus CT 200h, чиј погонски систем е идентичен со оној на Prius. Интересно е дека победникот од анкетата минатата година – третата генерација на Toyota Yaris, се рангира едвај на 26-та позиција. На дното на листата, во која влегуваат вкупно 150 модели, се третата генерација на Land Rover Discovery, првата на Land Rover Range Rover Sport, петтата на VW Passat и третата генерација на Land Rover Range Rover.
За одредување на рејтингот за сигурност на возилата, експертите на Auto Express им понудиле на анкетираните да го оценат својот автомобил според посебен систем, а одговорале на 10 основни прашања.
Топ 10 на најсигурни автомобили во Велика Британија за 2014 година
1. Honda Jazz втората генерација
2. Toyota Prius третата генерација
3. Toyota Prius втората генерација
4. Lexus CT 200h
5. Audi Q3
6. Kia Rio третата генерација
7. Peugeot 2008
8. Skoda Yeti
9. Kia Сee’d втората генерација
10. Mazda MX -5 третата генерација
Неодамна компанијата J.D. Power and Associates направи соодведно истражување за сигурноста на автомобилите во САД. Трета година по ред првото место беше за модел на Lexus, следен од таков на Mercedes-Benz, па Cadillac, Acura, Buick …