ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ од страв дрско лаже за Данела Арсовска, лажните обвинувања за бугарски пасоши стануваат дел од нивната стратегија

СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска. Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по повод прес-конференцијата на Славјанка Петровска, која презентираше документ кој наводно (во него пишува „Даниела“, а не „Данела“) покажува дека кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ има бугарско државјанство.

„Во целост ги демантираме ваквите невистини и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска, нема да им помогне да го одбегнат поразот од народот кој им следи“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потсетуваат дека не е прв пат СДСМ да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши. Тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, станува дел од нивната стратегија, и тоа паралелно додека, како што тврдат, „Заев врши притисоци врз членови од историската комисија да го потпишат тоа што го договорил да го продаде со бугарската власт“.

„Ваквите лаги нема да го спасат ниту Шилегов од пораз и одговорност за прекумерното богатење додека е на државна функција. 4 стана, 2 хациенти е учинокот на Шилегов како градоначалник и еден тон лажни вести за прикривање на непособноста на Шилегов“, се вели во реакцијата.

- Реклама -