ВМРО-ДПМНЕ: „Мицкоски има слики и со Ковачевски и со Ахмети, двајцата водечки во криминалот во државава“

„Очигледно СДС нема попаметна работа па листа фотографии на социјалните мрежи и гледа кој се фотографирал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и од тоа фабрикува лажни вести. Да им олесниме, Мицкоски има фотографии и со Димитар Ковачевски, на последната лидерска средба и со Али Ахмети. И двајцата за жал водечки во криминалот во државата.

Фотографијата со нив не значи дека Мицкоски го споделува нивниот криминал, но тоа секако дека значи дека тие и нивните пулени веднаш по нивната смена ќе одговараат за секој криминал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на обвинувањата од владејачката партија дека Мицкоски имал фотографии со лица од криминалното подземје.

Истовремено, од ВМРО-ДПМНЕ со контра обвинувања:

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

„Кога сме кај соработниците и блиските луѓе до власта, првиот братучед на Сашко Николов, поранешен градоначалник на Штип и финансиер на СДСМ е фатен како е дел од криминална банда рекетари, лихвари и изнудувачи. Дали првиот братучед на најблискиот соработник на Ковачевски изнудувал и рекетирал поради блискоста и заштита која ја имал со Ковачевски?

Дали Ковачевски ќе се извини за овој скандал и дали е вистина дека братучедот на соработникот на Ковачевски рекетирајќи се повикувал на името на Димитар Ковачевски?“, прашува опозицијата.

- Реклама -