Секојдневно работите до доцна навечер, социјалниот живот ви е комплетно неорганирзиран, а поимот девојка веќе не се среќава во вашиот речник. Сепак кога навечер ќе легнете во празна постела, соочувањето со чувството на осаменост е неизбежно. Затоа е тука виртуелната девојка, а со неа спиењето е секогаш забавно.:)
Секојдневно работите до доцна навечер, социјалниот живот ви е комплетно неорганирзиран, а поимот девојка веќе не се среќава во вашиот речник. Сепак кога навечер ќе легнете во празна постела, соочувањето со чувството на осаменост е неизбежно. Затоа е тука виртуелната девојка, а со неа спиењето е секогаш забавно. 🙂
Вашата нова придружничка доаѓа со единечен кревет осетлив на допир. Совршено тивка, се додека не легнете до неа. Реагира на секое ваше движење, создавајќи илузија дека вие всушност навистина спиете заедно. Единствената слаба точка е фактот што е дводимензионална, односно неможете да ја почувствувате.За вашите сексуални потреби не е заинтересирана бидејќи е навистина пристојна девојка. Бакнете ја во образ и ќе го закопа своето лице во перницата. Се разбира, секогаш спие со облека. Но, како што самиот инвентор, Drew Burrows вели, пријатно е чувството кога знаете дека се враќате дома, а не ве очекува празна постела.
Drew смета дека е одлична алтернатива за сите самци кои приоритет гледаат во работното место. А на прашањето колку долго Drew е самец, тој едноставно одговорил: „Доволно долго за да ја измислам оваа виртуелна девојка“.