Едно време, најголем проблем во рекламирањето на автомобили беше што мора прво да ти го дадат автомобилот за да можеш било што да снимиш. Дополнително, рекламата ти пропаѓаше во вода ако во идните модели производителот направеше измени.
Или друг пример: Филмовите се полни со експлозии или друг вид брутални и помалку брутални оштетувања на автомобили. Порано сé тоа се плаќаше.
Меѓутоа денес постојат нешта како BlackBird. Се работи за автомобил урнек кој служи за снимање реклами и филмски сцени. Конструкцијата му се прилагодува (се издолжува и проширува) за да ја долови физиката на возењето на кој и да е модел. Остатокот се прави со фотореалистична CGI технологија.