Вежба предвидува уште колку живот ни преостанува

Доктори од Бразил развиле тест за мерење на флексибилност. За него не е потребна никаква опрема – потребно е само да седнете и да станете без потешкотии и придржување.

На овој тест можете да заработите максимално 10 поени и на основа на него можете приближно да одредите уште колку ќе живеете.

Едноставната вежба на седење и станување без придржување може да навести уште колку ќе живееме, тврди групата доктори од Бразил која на оној начин ги мерела флексибилноста и силата на своите пациенти.

Оние кои на овој тест освоиле три поени или помалку биле под пет пати поголем ризик да починат во следните шест години, отколку оние кои освоиле осум поени.

Калудио Жил Араујо од Гама Филхо универзитетот во Рио де Женеиро е еден од докторите кои го развиле овој тест. Истиот првобитно е осмислен за брзо одредување на флексибилноста кај атлетите, а сега се користи за да се убедат пациентите дека треба да бидат активни со цел да ја одржат силата на мускулите и да имаат добра рамнотежа, па со самото тоа и да живеат подолго.

vez00

Како што старееме нашите мускули стануваат се послаби и послаби. Затоа докторите го користат овој тест, обидувајќи се да ги наведат старите луѓе да вежбаат и да се движат.

Во една бразилска студија во која учевствувале луѓе на возраст од 51 до 80 години, била правена оваа вежба.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

Откриено е дека оние кои имале осум поени имаат погоелм ризик да умрат во следните 8 години, од оние кои имале максимално 10 поени.

Оваа вежба се почнува со 10 поени, а по еден поен се одзема секој пат кога личноста ќе се наслони на рацете или коленото додека седи или станува, додека половина поен се одзема за губење на рамнотежата.

Оние со три поени имала нејголем ризик, пред останатите.

vez01

Тестирајте се:

Предупредување: Немојте да се обидувате да го направите тестот, доколку имате артритис или некоја друга состојба во која можете да се повредите.

1. Облечете удобна облека, и застанете онаму каде имате доволно простор околу себе.

2. Спуштете се и седнете на под во „турски стил“.

3. Станете не користејќи ги рацете и нозете за да се потпрете.

4. Направете го тестот со некој кој ќе ги следи вашите движења или пред огледало, за ништо да не ви избега.

5. Максимален број на поени е 10.

6. Одземајте по еден секој пат кога ќе ги употребите рацете и нозете да да се наслоните при седнувањата и станувањата.

7. Одземете пола поен секој пат кога ќе изгубите рамнотежа, паднете или се занишате.

Погледнете во видеото како правилно да го направите тестот:

- Реклама -