Vespa го измени светот

Скутерот Vespa е еден од 12 предмети кои му дадоа нови димензии на светот. Тоа го констатирале 12 водечки експерти во областа на индустрискиот дизајн, кој по нарачка на телекомпанијта CNN составиле листа од 12 најзначајни предмети кој го одбележале минатиот век.

337_Vespa-470-1

Според мислењето на стручното жири, револуционерниот концепт на скутерите Vespa со полно право може да заземат место во „Салата на славните на индустрискиот дизајн на планетава“. Клучни критериуми при изборот на предметите биле емпатија, доверба, креирање на концепт од дизајнерот не за себе (компанијата), туку за другите, практичност – да ги извршува своите функции ефикасно без загуби и да е лесен за производство и предметот треба да предизвикува и силни позитивни емоции.

913_Vespa-470-4 916_Vespa-470-2

Единственоста на дизајнот кај Vespa е во неговата универзалност и унисексуалност – тој одговара и на мажите и на жените. Практичноста, економичноста и способноста на Vespa да станува предмет на желба др докажани во текот на историјата.

262_Vespa-470-10 984_Vespa-470-6

 

Скутерот ја имал главната ролја во филм на култниот режисер Федерико Фелини (Сладок живот), на Vespa се прошетаа легендарните The Beatles… Нема сомнение за огромното влијание на скутерите во културата и уметноста, како и врз развојот на мотоциклистичкиот дизајн и индустрија.

742_Vespa-470-5

Освен Vespa во листата на 12 предмети кој му дадоа белег на последното столетие влегуваат уште компјутерот: Apple Mac од 1984, стереосистемот Bang & Olufsen 2400 од 1979, авионот Airbus 380, ескалаторот, вселенскиот авион Virgin Galactic, 8-инчната флексибилна дискета, канцеларискиот стол Aeron, плеерот iPod, првиот автомобил во светот кој ја надмина бројката од милион продадени- Ford Model T, радијалниот мотор за воздухопловството и калашников АК-47.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -