Home 365 Денес Украина и Молдавија ја поздравија одлуката на ЕУ: „Победа за Украина и Европа“

Украина и Молдавија ја поздравија одлуката на ЕУ: „Победа за Украина и Европа“

0
Украина и Молдавија ја поздравија одлуката на ЕУ: „Победа за Украина и Европа“

Украина и Молдавија ја поздравија одлуката на Европскиот совет да ги започне преговорите со нив за нивно членство во ЕУ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша настанот како „победа“ за неговата земја и Европа.

„Им благодарам на сите што работеа за оваа одлука и на сите што помогнаа во неа. На секој Украинец му го честитам овој ден. Историјата ја пишуваат оние кои никогаш не се заморуваат да се борат за слобода“, напиша тој на социјалната мрежа „Икс“.

„Ова е исклучително важна пресвртница на нашиот заеднички пат кон обединување на Европа. Кога тргнавме по него, никој не веруваше дека ќе успееме. Но, тоа не нѐ засегаше“, рече шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба напиша: „Каков историски ден! Сега преовладува само едно чувство – чувството дека ништо не е залудно“.

Молдавската претседателка Маја Санду, исто така, ја поздрави одлуката на ЕУ. Според неа, Молдавија ќе биде на висината на тој предизвик и е подготвена да ја заврши напорната работа што и претстои.

„Со одлуката на ЕУ да даде зелено светло за пристапните преговори, Молдавија отвора нова страница. Денеска ја чувствуваме топлата прегратка на Европа. Ви благодариме за поддршката и вербата во нашиот пат“, напиша Санду на „Икс“.

МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here