Home Технологија Убиецот на iPhone

Убиецот на iPhone

0

introGarmin го претстави својот "n vifone" мобилен телефон со безброј функции и напредни технологии интегрирани во едно. Според многумина телефонот е на добар пат да ја засени славата на iPhone. А еве и зошто…

 
Garmin го претстави својот "n vifone" мобилен телефон со безброј
функции и напредни технологии интегрирани во едно. Според многумина
телефонот е на добар пат да ја засени славата на iPhone. А еве и
зошто…

pt-browser-lg.jpg_1202075313121

Целосно e "покриен" со 3.5 инчен тач скрин екран. Подржува 3.5G технологија со интегриран пребарувач и навигација. Кога уредот ќе се постави на постољето за навигација во вашиот автомобил, автоматски се претвора во GPS уред и има посебно мени. Има преинсталирани мапи на Северна Америка и Европа. Но ова и не е така ново, ново е што има посебна функција "Where am I" со чија помош со само еден допир добивате детални координати каде сте точно, како и најблиската болница, полициска станица или бензиска пумпа.

И ова не е се. Веќе нема да го барате вашиот автомобил на некое огромно паркиралиште. N vifone  ги памти координатите од каде што бил во функција на GPS уред. Покрај ова Гармин Онлајн е сервис преку кој може во секое време да видите на која раскрсница во градот има гужва, колку е цената на горивото до неизбежната временска прогноза и сл.

 garmin  sc-home-lg.jpg_1202075282047

N vifone е првиот мобилен кој има Google локална подршка. Покрај ова, овде се и стандардните смс пораки и и меил пораки. Освен сето ова N vifone има и безброј забавни апликации. Како на пример, сликите кои ги правите се снимаат заедно со координатите и подоцна  можат да ви послужат како навигациска точка.

medium_2231152381_bc08379e2a_o

Освен вашите слики, имате пристап и до милиони останати слики, споменици, туристички атракции…сето ова со помош на веќе познатиот Панорамио на Google. Покрај слики, може да правите и видео снимки, да слушате mp3…Ова се само првичните детали за телефонот кој треба официјално да почне со продажба во третата четвртина од оваа година. За повеќе прочитајте тука. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here