
Најмалку 11 лица се повредени во украинскиот напад врз руската република Удмуртија, позната по својата одбранбена индустрија, соопштија локалните власти. Според информации од регионалниот министер за здравство, Сергеј Багин, тројца од повредените се пренесени во болница во главниот град Ижевск. Сеуште не е потврдено дали нападот бил насочен кон фабриката за оружје во зоната.



