Трамп: Ако Техеран ме убие, се надевам дека САД ќе го збришат Иран од лицето на Земјата

Кандидатот на републиканците на претседателските избори во САД, Доналд Трамп синоќа нагласи дека САД ќе го „збрише Иран од лицето на земјата“ доколку ирански официјални лица го убијат.

Трамп го изјави тоа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху спомна таква закана.

„Ако го „убијат претседателот Трамп“, што е секогаш можност, се надевам дека САД ќе го уништи Иран, ќе го избрише од лицето на Земјата“, напиша поранешниот американски претседател во пораката на социјалната мрежа Тruth Social.

„Ако тоа не се случи, американските лидери ќе бидат видени како кукавици без храброст“, додаде Трамп.

Во средата, за време на говорот во американскиот Конгрес, Нетанјаху рече дека „Израел неодамна дознале дека Иран дрско се заканил дека ќе го убие претседателот Трамп“.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари

Иран ги отфрли обвинувањата и ги опиша како „злонамерни“.

- Реклама -