TOYOTA со специјална GT86 за дамите

Toyota ја претстави специјална верзија на купето GT86 која значително се разликува од стандардниот модел.

Модификација го доби името Cb (Cool Beauty), а првенствено треба да го привлече вниманието на дамите.

446_Toyota-1000-3

Верзијата Cb се разликува од вообичаеното купе во предниот дел по заоблените фарови, капак на моторот со поблаги линии, модифициран браник, маска на ладилникот и уникатните дневни светла. Освен тоа е измене делот со светлата против магла, каде има три ленти со LED диоди. За основата на Toyota Cool Beauty e користен истоимениот концептен модел прикажан во 2013 година на автосалонот во Токио. Според замислата на креаторите на машината, таа е наменета на прво место за дамите.

430_Toyota-1000-2

Разлики има и во задниот дел на возилото, каде постои нова и далеку посложена светлосна техника. Тука и помасивниот, но сепак елегантен заден спојлер. Моторот на GT86 не е менуван. Под капакот останува 2.0-литарскиот атмосферски боксер со моќност од 200 КЅ. Новата верзија може да се нарача со 6-степен мануелен менувач, а и со автоматски со ист број брзини.

849_Toyota-1000-4 998_Toyota-1000-5

- Реклама -