Toyota me.we concept – антикризна изведба за секој ден

Јапонската компанија Toyota и францускиот архитект, пронаоѓач и дизајнер Жан-Мари Масо развија антикризен автомобил – супер лесен електричен концепт.

Возилото со името Toyota ME.WE Concept е изграден според принципот – преку помали трошоци да се стигне до повеќе и поубаво. Футуристичкиот прототип се позиционира и како градски автомобил, кабриолет, пикап и кросовер.

Toyota ME.WE е со алуминиумска шасија и отстранливи панели на телото од полипропилен. Целата структура тежи 750 килограми – околу 20% полесна од конвенционалните супермини автомобили. За да се постигне таква лесна маса, програмерите ја свеле до минимум потребната опрема, создавајќи едноставен и еколошки ентериер со еден мерач за прикажување на брзината на полнење на батеријата, како и податоците од сателитската навигација.

Електромоторите се наоѓаат во секое во едно од тркалата, а возачот може да избира – да ја користи едната или пак двете оски. Батеријата се складира под подот, за да се зачува простор во кабината. Концептот Toyota ME.WE речиси сигурно нема да стане сериски, но индивидуалните елементи на дизајнот и технологијата за намалување на телесната тежина може да се најдат примена во идните модели на марката.

 

 

 

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -