Toyota го претстави обновениот Harrier

Toyota ги објави првите официјални фотографии на новата генерација на кросоверот Harrier. Моделот ја дели платформата со Lexus RX, а експертите очекуваат дека и неговата следна генерација ќе изгледа на сличен начин.

349_Toyota-Harrier-470-1

Од својот претходник, новиот Harrier се разликува во новата маска на ладилникот, модернизиран преден браник, преработени светла и формираната на нов начин задна врата. Засега од Toyota не соопштуваат никакви технички детали за возилото. Сегашноста генерација на Harrier доаѓа со хибриден агрегат со вкупна моќност од 211 КЅ, како и со бензински мотори со зафатнина од 2,4, 3,0 и 3,5 литри, чија моќ се движи меѓу 160 и 280 КЅ.

596_Toyota-Harrier-470-3

На фотографиите сепак се гледа натпис Hybrid, што значи дека Јапонците повторно ќе се одлучат за овој вид погон. При сегашната генерација на Lexus RX 450h, возилото се потпира на комбинација од V6 мотор и електромотор.

Дебито на Toyota Harrier треба да се одржи на автомобилскиот салон во Токио, во ноември оваа година. Неговиот „брат“ Lexus RX ќе се појави пред публика во средината на 2014 година.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -