Том Хенкс пушти сопственa апликација за iPad

Светски познатиот холивудски актер Том Хенкс издаде своja апликација за Apple iPad. Апликацијата што се вика Hanx Writer, го имитира стилот на традиционалната машина за пишување.

Hanx Writer е бесплатна апликација за пишување на документи што би им се допаднала  на  сите кои се носталгични кон минатите времиња и малку постарите технологии. Слично на машина за пишување, апликацијата издава звук при притискање на секое копче, а виртуелната хартија се поместува со секоја една буква, исто како што е кај оригиналниот уред.

tom

Апликацијата има и неколку „модерни” карактеристики, кои што не биле достапни во механичките уреди како копче за бришење (backspace). За оние кои што сакаат да бидат 100% автентични, Hanx Writer нуди опција,  копчето за бришење да става „X” на конкретниот симбол, каква што била практиката кога некој ќе направи  грешка при работа со машина за пишување.

Како што рековме, апликацијата е бесплатна, но поддржува внатрешни набавки (in-app-purchases), преку кои корисникот може да купи теми и да го промени изгледот на својата машина за пишување. Hanx Writer може да се користи како стандарден уредувач на текст. Без одржување на основни функции како форматирање на текстот и проверка на правописот Hanx Writer тешко ќе ги замени докажаните  мобилни канцелариски апликации , но сепак останува забавна апликација која што може да ве врати неколку години наназад.

- Реклама -