Нова Тојота Супра до 2015 година

Инженерите на Toyota веќе работат на наследникот на моделот Supra, открива Motor Trend, а би се нашла на пазарот во текот на 2015 година.


Автомобилот ќе биде изграден врз платформата на која се испробува прототипот GRMN MRS. Во јапонскиот концерн веќе е направена и шасија со централно поставен мотор. Автомобилот ќе биде придвижуван од мотор на хибриден погон, кој е комбинација од 3,5 литарски бензински V6 мотор и два електромотори поставени во предните тркала.

Вкупната моќ ќе надмине 400 КС. Сериската верзија на хибридот со самостоен погон на сите четири тркала, најверојатно ќе добие и ново име. Лично шефот на Toyota, Акио Тојода, кој е голем фан на спортистите автомобили и на трките, го следи развојот на проектот. Се очекува наследникот на Supra да биде готов во 2015 година, а цената на автомобилот ќе биде околу 60.000 евра.


Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -