Тесла подготвува електричен конкурент на Ферари

Интересна понуда од американскиот производител на електрични возила кој вели дека во подготовка е верзија која ќе им биде достоен конкурент на автомобили како Ferrari и Lamborghini.

Елон Маск, основач, претседател и главен акционер на Tesla Motors за новинарите изјави дека во неговата компанија се подготвува електричен супер автомобил. Тој не сакаше да открива детали околу идното возило, но прецизира дека тоа ќе конкурира на автомобили како Ferrari и Lamborghini, а исто така и на електричните изведби на Audi R8 e-tron и Mercedes SLS AMG E-Cell.

„Ќе имаме електричен суперавтомобил во даден момент. Планиравме да биде готов следната година, но претпочитаме пред тоа да бидат лансирани веќе најавените модели. Развојот на овој суперавтомобил сепак не е запира. Се надевам дека ќе биде готов најдоцна за 2-3 години“ истакна Маск.

Во моментов компанијата Tesla има три модели кои треба допрва да бидат претставени, спортскиот кабрио родстер и седанот Model S, додека Model X се очекува во 2014 година.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -