Телеграф: Стармер и Макрон ќе се обидат да го убедат Бајден да дозволи напади врз Русија

На денешната средба во Париз помеѓу претседателот на Франција, Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ќе се разговара за можноста да го убедат претседателот во заминување на САД, Џо Бајден да и дозволи на Украина да лансира ракети „Сторм шедоу“ (Storm shadow) врз Русија, објави британскиот весник Телеграф.

Неименувани извори од британската Влада за Телеграф изјавија дека се надеваат оти Бајден конечно ќе даде одобрение, кое Киев го бара со месеци.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за време на кампањата ветуваше завршување на војната во Украина во рок од 24 часа по преземањето на функцијата.

Белата куќа на 7 ноември соопшти дека ќе продолжи да ја зголемува хуманитарната и воената помош за Украина, користејќи ги средствата што веќе ги одобри Конгресот. Бајден ќе побара од Трамп да не ја запира помошта за Украина.

Прочитајте и:  Во Балтичко Море оштетен и подводниот телекомуникациски кабел што ги поврзува Шведска со Литванија

Се очекува Стармер и Макрон да разговараат за влијанието на Трамп врз ситуацијата на Блиски Исток.

Стармер ќе биде првиот британски лидер кој ќе присуствува на церемонијата на одбележување на Денот на примирје.

- Реклама -