Треба да направите итен повик но батеријата ви е празна? Затресете го вашиот телефон и ќе добиете повеќе енергија – тоа е идејата зад нов полнач за мобилни телефони кој претвара движење во електрична енергија.
Шашанк Прија и неговите колеги од Virginia Tech во Блексбург дизајнираат вграден полнач за итни ситуации кој ќе црпи електрична енергија од пиезоелектричната сила генерирана од притискањето на копчињата, вашиот глас или со едноставно силно тресење.
Истражувачите експериментирале со цинк оксид, чест пиезоелектричен материјал за да откријат како тој претвара вибрации од звук и притисок во електрична енергија за напојување на телефонот. Тие го подложиле материјалот на звучни бранови од 100 децибели, по што материјалот вибрирал и создал електрична струја од околу 50 миливолти.
Во мобиле телефон, пиезоелектричниот материјал би бил поставен под копчињата и би претварал мехнички вибрации во енергија која би била складирана за подоцна. Овој метод не би создал многу енергија – дефинитивно не доволно за постојано користење на телефонот – но би била доволна за итни ситуации. „Во итна ситуација едноставно протресете го телефонот неколку минути и ќе имате доволно енергија за еден важен повик“ вели Прија.
За секојдневна употреба групата неодамна создаде полнач со микро ветерна турбина со големина на шише за вода. Овој полнач создава еден ват енергија со брзина на ветар од околу 8-10 километри на час. Полначот се поврзува со мобилен телефон преку стандарден USB порт а времето на полнење е околу 45 минути до час и половина.