Таравари: „Вреди“ ќе биде забрзувач за што поскоро да почнеме со преговорите со ЕУ

Министерот за здравство и претседател на Алијанса за Албанците – Арбен Таравари, при денешната посета на Клиничката болница во Тетово изрази надеж дека за шест месеци може да почнат преговорите со ЕУ. Рече дека надежта ја темели поради таквиот заеднички став во Владата.

– „Вреди“ повторно инсистира дека Македонија мора да ги започне преговорите, Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ. Кажавме рок од шест месеци, дека „Вреди“ ќе направи се да започнат преговорите. Добро е што Албанија започна, меѓутоа лошо е што ние се разделивме. Од друга страна треба и да разбереме дека и од бугарска страна нема Влада, очекуваме избори таму да има. Јас се надевам дека ние ќе изнајдеме решение и „Вреди“ ќе биде акцелератор и тригер за да што поскоро Македонија почне со преговорите со ЕУ. Јас колку што знам и премиерот е за започнување што побргу, и тој е за ЕУ како и сите што сме во Владата, изјави Таравари.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но и нема да стори нешто што е спротивно на националните интереси
- Реклама -