Таравари: Договорени „поголем дел од работите“ за влез на Алијанса во Владата, преговорите треба да завршат до утре

Преговорите за влез Алијансата за Албанците (АА) во владината коалиција се при крај и најверојатно ќе завршат до утре, изјави денеска за МИА лидерот на партијата и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

Тој истакна дека повеќето прашања се затворени и дека се договорени „поголемиот дел од работите“.

„Се надевам дека денеска или утре конечно ќе ги завршиме преговорите за евентуалниот влез во Владата и тоа официјално ќе го објавиме“, рече лидерот на Алијанса.

Околу распределбата на функционерските места и министерски ресори, Таравари рече дека за тоа сè уште се разговара, па затоа, како што нагласи, не би било коректно да коментира на таа тема во овој момент. По ова прашање, според него, сѐ уште се водат меѓупартиски консултации на владините коалициски партнери.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

„Сè ќе биде појасно до утре, но ќе почекаме на консултациите кои се во тек помеѓу работните групи на партиите од владиното мнозинство“, додаде тој.

Извор: МИА

- Реклама -