Home УмниБус Здравје Тајните на црното чоколадо

Тајните на црното чоколадо

0

За разлика од млечното чоколадо кое е богато со шеќери и сиромашно со антиоксиданси, црното чоколадо е вистински рудник на антиоксиданси. Исто така чоколадите кои имаат висок процент на какао (мин 70%) содржат повеќе антиоксиданси од зелениот чај или црното вино!

1. Ја штити кожата
Истражувањето објавено во магазинот “Journal of Nutrition” покажало дека луѓето кои повеќе го сакаат црното чоколадо имаат понежна кожа, 25% помалку црвени пликови откако ќе се изложат на силно сонце, а нивната кожа подолго време ја задржува влажноста. Исто така црното чоколадо ја заштитува кожата од губење на пигментацијата кај постарата популација.

2.Црното чоколадо го штити срцето
Харвардските научници направиле анализа на 21 претходно направени истражувања, во врска со какаото, на 2.500 примероци. Покрај тоа што може да го намали притисокот и да ја подобри ситуацијата на крвните садови, редовната конзумација на какаото го намалува нивото на лошиот холестерол и истовремено го подобрува нивото на добриот холестерол.

3. Доколку сте возбудени, изедете неколку коцки црно чоколадо
Многу истражувања потврдуваат дека црното чоколадо, го намалува крвниот притисок. Истражувањето од Универзитетот во Келн покажало дека и минималното конзумирање на црното чоколадо дава сличен ефект како и препишанте диети кои се докажале како успешни за намалување на кардиоваскуларните проблеми.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here