Компанијата Swatch идното лето планира да го претстави својот прв паметен часовник, што ќе го носи името Swatch Touch.
Шефот на Swatch, Ник Хајек изјави дека уредот ќе биде опремен со неколку различни сензори што ќе бидат особено корисни за спортисти и луѓе со активен животен стил. – Секоја голема технолошка компанија сака да работи со нас и ние не исклучуваме можност за соработка во различни сектори.
Сепак, потојат работи што можеме да ги направиме сами, изјави Хајек. Своч претходно негираше дека подготвува паметен часовник бидејќи според компанијата таквите уреди не се елегантни. Swatch го поседува името ISwatch.