Суперавтомобил со авионска технологија (видео)

ПаганиСо повеќето автомобили можете да тргнете веднаш откако ќе го стартувате моторот. Но за да го возите новиот модел на Пагани, Huayra, би требало да ја проверите и положбата на крилцата пред тргнувањето.

Иако Huayra површно изгледа како добро познатата Зонда, новиот автомобил го подига познатото Пагани лудило на ново ниво. Шест литарскиот V-12 од AMG-Mercedes има два турбополначи, со што создава околу 700 коњски сили. Оваа моќност овозможува забрзување од 0-100 километри на час за околу 3,5 секунди, и максимална брзина од преку 370 километри на час. Можеби Пагани сè уште нема конкурент за Вејрон Супер Спорт, но споредено со него овој автомобил е евтин.

{youtube}SqWKWJ7jiCw{/youtube}

Но, брзината не е она што го прави Huayra уникатен автомобил, таа чест му припаѓа на системот за активна аеродинамика. Четири подвижни крилца, две напред и две назад, автоматски се подесуваат во возење од компјутер кој ја анализира брзината, забрзувањето, навалувањето, кочењето и положбата на педалата за гас. Системот исто така ги подесува и предните амортизери, додавајќи притисок за да го спречи спуштањето на предниот спојлер при кочење.
ПаганиПаганиПаганиПаганиПаганиПаганиПагани

- Реклама -