Столтенберг: Одлуката на Путин за „нуклеарно одвраќање“ го покажува сериозниот застој во инвазијата на Украина

Брисел, 27 февруари 2022 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг, изрази загриженост од одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави во специјална готовност силите за одвраќање на земјата, јави ДПА.

Во интервју за Би-Би-Си денеска Столтенберг кажа дека објавата на рускиот претседател покажува колку е „сериозен“ застојот околу руската инвазија на Украина.

Путин ја даде наредбата денеска во видео што го дистрибуираше Кремљ. Во него тој се осврна на „оружје за одвраќање“, но не го наведе експлицитно нуклеарното оружје.

- Реклама -