Работи кои би можеле да ги убедат потрошувачите да размислуваат поинаку за технолошкиот џин.
1. „Потрошувачите се презаситени“
Проблемот со купување на било кој производ на Apple е што додека го отпакувате тој е веќе застарен. Како што посочува Пачен Барс, технолошки консултант кој бил сопственик на 25 Apple производи во последните 20 години, Од 2001 до денес видовме шест iPod, два iPod mini, шест iPod Nano, четири iPod Shuffle и четири верзии на iPod Touch. Од 2007 до денес има пет iPhone модели и три iPad верзии од 2010 година.
Секако, новите верзии содржат подобрувања но и покрај тоа 50 проценти од потрошувачите велат дека не се подготвени да ја купат новата верзија бидејќи се плашат дека ќе бидат надминати од следната верзија. И ова не е ограничено само на хардверот, софтверските апдејти патат од слични проблеми. Еден иритиран корисник на Mac пишал: „Не ми е гајле колку планирате за застарување, нема шанси нов софтвер да не биде компатибилен со постарите верзии барем две години.“
2. „Внимавајте на апликации“
Штрумфинките – виртуелното црвено овошје кое е примарниот извор на храна за Штрумфовите – звучат како евтина забава, но трошоците се насобираат. Медисон Кеј, осум годишно девојче од Роквил, Мериленд, без да знае потрошила 1400 долари за штрумфинки играјќи “Smurfs’ Village” на фамилијарниот iPad. Ваквите бесплатни апликации се бесплатни само до одредено ниво.
3. „Гаџетите можат да посметаат“
Според статистиките на неколку студии луѓето често го користат својот iPhone сè почесто. Многумина знаат да го користат за време на вечерата а околу 20 проценти велат дека посегнуваат по својот iPhone веднаш по секс. Урсула Офман, терапевт од Њујорк, вели: „Луѓето наоѓаат различни начини за да се вратат во својот личен простор. Но ако некој посегне по својот iPhone во спалната тогаш јасно е дека има проблем.“
4. „Најверојатно трошите повеќе поради нашите направи“
Според Мајкл Ходел, аналитичар од Morningstar, iPhone корисниците имаат 10% повисоки сметки од корисниците на други припејд смартфони. Корисниците на iPad трошат повеќе купувајќи преку интернет, тие плаќаат во просек по 158 долари по нарачка споредено со 105 долари на другите мобилни направи.
5. „Ни треба нов гаџет кој ќе смени сè“
Најголемиот проблем кој експертите го имаат со новите производи на Apple е што тие не се доволно нови. Инвеститорите бараат нова технолошка револуција и нов смартфон кој ќе биде поевтин од почетната цена од 649 долари за iPhone 4S. Проблемот е што телефонот претставува 50 проценти од продажбите на компанијата и нив очајно им е потребен нов поевтин телефон кој би можел да навлезе во пазарот. [Things Apple won’t tell you]