Стив Вознијак за новите iPad таблети: Не благодарам!

Стив Вознијак е познат по неговата страст за електронски уреди и неговото мислење е високо ценето иако тој повеќе нема никаква улога во носењето на одлуките на компанијата која ја основаше заедно со Стив Џобс, но сепак сите се интересираат за неговиот став за новите iPad таблети кој и не е баш позитивен.

Прашан од медиумите за iPad Air и iPad mini 2 тој рекол дека не му се потребни бидејќи не ги исполнуваат неговите стандарди, а Вознијак има еден куп смартфони, таблети и други гаџети кои постојано ги носи со него.

ipad_air_and_ipad_mini_with_retina_display530x290_231013_070517

Проблемот со новите таблети на Apple е што им недостасува поголема меморија, Вознијак очекувал капацитет од 256 GB, а друга пречка е што немаат ниту мемориска картичка. Неговата сопруга му се јавила за време на презентација да го праша дали сака да ги купи, но тој и одговорил кратко и јасно, не благодарам.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -