Стил на денот: „Flower Power“

Неодоливи макси здолништа, тексас шорцеви со висока половина и нормално, слатките мали летни фустани – тоа е стандардниот изглед за топлите денови.

Но, не ја заборавајте и важноста на вашите обувки. Кога станува збор за стилот, секој аспект е важен – од глава до пети.

Оваа сезона го видовме цветниот принт насекаде.

Тоа е еден од најтоплите модни трендови за лето 2014. Се носи на спортски маици, прекрасни летни фустани, па дури и цветот во косата е тренд за ова лето.

Цвеќето станува водечки тренд кај сандалите. Не се плашете да бидете креативни кога се во прашање обувките  со цветови. Носете балетанки со цветен принт или спортски сандали со прекрасни цветови за охрабрувачки стил.  Ова лето облеката буквално расцвета.

Погледнете ги нашите омилени модели за ова лето.

 

- Реклама -