Доставена е дипломатската нота со која Грција требаше да ја извести Македонија дека ги исполнила сите обврски и се отстранети сите пречки за стапување на сила на Преспанскиот договор, објави „Телма“.
Се очекува уште вечерва во Службен весник да биде објавен датумот кога стапуваат на сила уставните измени и уставните закони со кои Република Македонија ќе стане Република Северна Македонија.
Подготовките започнаа уште рано утрово, кога беа отстранети буквите „Влада на Република Македонија“ од фасадата на зградата на Владата, како за да се направи место за „Северна“, така и поради подготвителните активности на платото пред Владата за церемонијата на подигнување на знамето на НАТО.