Буквите „Влада на Република Македонија“ се извадени за да се постави НАТО знамето

Утрово на фасадата на зградата на Владата ги нема буквите „Влада на Република Македонија“, а оттаму велат дека отстранувањето се случило рано утрово затоа што на платото ќе се одвиваат активности за поставување на НАТО знамето, пренесува „Слободен печат“.

Новиот натпис – „Влада на Република Северна Македонија“, ќе биде поставен откако ратификацијата на Договорот од Преспа и протоколот за членство на Македонија во Алијансата од страна на Грција ќе бидат објавени во Службен весник, информираат од владата.

„Буквите од влезот на Владата (горе) се извадени во рамки на подготовките за употребата на новото уставно име на државата. Промената е направена рано утрово бидејќи во текот на денот предвидени се подготвителни активности на платото пред Владата за церемонијата на подигнување на знамето на НАТО пред Владата“, велат оттаму.

Фотографиите од активностите пред Владата можете да погледнете на „Слободен печат“.

- Реклама -