Одење на работа со велосипед е добро за здравјето, но кој сака да го дели патот со работната класа кога може да патува со луксузен теренец. Сите ние имаме видено луксузни теренци со смешна опрема наменета за задоволување на богатите.
Полирани дрвени акценти, кожни седишта и сè од големи телевизори до кафемати. Но ова е прва појава на фитнес направа. Ова возило е Кадилак Ескалејд ESV, дело на Becker Automotive Design и покрај стандардните луксузни акценти едно од седиштата е опремено со рачки и педали. Додека шоферот вози до дадената дестинација сопственикот на возилото вежба на задното седиште.
Овој производ очигледно е создаден за свет во кој секоја дестинација која можете да ја замислите е опремена со тушеви бидејќи истите сè уште не можат да бидат поставени во вакво возило. Можеби е потребно да бидете милионер за да разберете зошто не би возеле вистински велосипед.