Стариот iPhone може да биде заменет со нов од Apple

Apple најверојатно ќе ја промени контроверзната политика со која не им ја признаваше гаранцијата на корисниците чиј iPhone ќе покаже дека бил во допир со вода и како резултат на тоа настанало оштетување.

Спорниот момент за Apple е што вградениот сензор на iPhone покажува дека дошол во контакт со вода иако корисникот тврди дека не се случило такво нешто. Подоцна се откри дека сензорите се премногу осетливи и пријавуваат дефект при допир со обична кондезација со што многу корисници беа оштетени.
Apple поучен од бројните негативни коментари и незадовлни купувачи ќе го промени ова правило. Исто така старите iPhone смартфони ќе може да се менуваат за нови при што на корисникот ќе му биде доделен одреден попуст во зависност од висината на употребливоста.
- Реклама -