Доколку сте страствен пушач, асматичар или едноставно сакате да поведете сметка за вашето здравје, овие магични билки ќе ви помогнат кон целта.
Запомнете, сè додека вдишувате никотин и катран, белите дробови никогаш нема да бидат целосно чисти. Сепак, овие намирници може да ви помогнат да се ослободите од поголем дел од токсините.
Пченка
Содржи бета-криптоксантин, за кој се смета дека ги штити дробовите од карцином, затоа што е еден вид на моќен антиосиданс.
Селен
Се работи за уште еден силен антиоксиданс кој се наоѓа во туната, лососот, јајцата и житарките.
Кромид
И белиот и виолетовиот кромид содржат материи кои делуваат антиканцерогено. Тие најчесто штитат од инфекции и рак на белите дробови.
Ѓумбир
Средство кое ги исфрла токсините од белите дробови, па можете да го консумирате секојдневно во облик на чај или да го додадете во оброкот како зачин.
Портокали
Идеален начин да го наполните телото со витамин Ц, но и со бета-криптоксантин исто како кај пченката.
Коприва
Одлична билка која содржи железо, а воедно се бори и против сите инфекции на дробовите.
Што треба да избегнувате додека правите чистење на белите дробови?
Избегнувајте да консумирате преработени намирници, посебно брашно, шеќер и млечни производи кои го поттикнуваат создавањето на слуз во организмот.