BMW се наоружа со необични и иновативни додатоци.
Во обид да им понудат на своите купувачи што поголем избор на опции, и се разбира, во обид што повеќе да заработат, најголемите автомобилски компании во понудата вклучуваат додатоци што порано не беа достапни, и веројатно би биле прогласени за кич.
Мерцедес, на пример, кај одредени модели понуди опција да им засвети „трокраката ѕвезда“ на маската на ладилникот секогаш кога возилото се заклучува/отклучува со далечинска команда. Од друга страна, производителите веќе некое време вградуваат сијалици на долната страна од вратата, со цел патниците да имаат прегледност каде газат кога излегуваат од возилото.
BMW оди чекор подалеку. Купувачите на моделот од втората серија на Cabrio, ќе можат да доплатат за ноќно светло со амблемот на BMW. Сопствениците на Серија 2 Кабрио ќе можат да уживаат во елегантното лого на BMW, кое ќе се проектира на подот под отворената врата. Ем ефикасно, ем добар начин да се потсетите дека добро ви оди во животот.