Напијте се солена лубеница

Полека, но сигурно, станува традиција, Пепси Јапонија секое лето на пазарот да вади по еден, во најмала рака – езготичен пијалак, со кој ќе ја разлади нацијата.

Оваа година, пијалакот се вика „Солена лубеница“. Лубеницата е екстремно популарна летна ужинка во Јапонија, а неретко луѓето ја посолуваат, за „да го извлечат најдобриот можен вкус“. Оттаму, сосема логично беше во некоја точка од времето Пепси Јапонија да извади пијалак со вештачка арома на лубеница.

Во изминатите години, Пепси Јапонија ги претстави необичните вкусови: ледена краставица и шисо. Според потрошувачите што ја имале честа да ги пробаат пијалаци, Пепси шисо бил изненадувачки вкусен сок, додека ледената краставица била одвратна. [This Summer, Drink Up Salty Watermelon Pepsi in Japan]

Прочитајте и:  Првиот сателит со дрвени панели лансиран во вселената
- Реклама -