Словачкиот премиер повика на мировни преговори за запирање на војната во Украина

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска повика на почеток на мировни преговори за Украина, каде што, според неговите зборови, војната „би можела да трае до 2030 година“.

Фицо стана премиер на Словачка по парламентарните избори на крајот на септември по, според светските медиуми, кампања нарушена со дезинформации во врска со руската инвазија на Украина. Во неговата изборна кампања, Фицо вети дека ќе стави крај на програмите за воена помош за Украина што ги започнаа претходните словачки влади.

„Со војната во Украина се наоѓаме во ситуација која би можела да трае до 2029 или 2030 година. Подобро е да се преговара во мир или со прекин на огнот 10 години, отколку да се седне на преговарачка маса за 10 години, со уште 500 илјади или 600 илјади убиени“, изјави Фицо за новинарите во Прага по средбата со неговиот чешки колега, Петар Фијала.

Коалициската влада на Фицо, во која има екстремно десничарски министри, веќе го блокираше планот за воена помош за Украина од 40.3 милиони евра, подготвен од претходната влада.

- Реклама -