Словачкиот премиер Фицо е против и ќе стави вето на членството на Украина во НАТО

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека е против членството на Украина во НАТО и дека ќе стави вето на членството на земјата во Алијансата бидејќи, како што наведе, тоа е „патот кон третата светска војна“.

Тој за „Радио Словенско“ изјави дека ЕУ секој месец во Украина испраќа 1.5 милијарда евра и отворено запраша колку е тоа одржливо.

Според него, на маса за проверка е и одбранбениот договор со САД.

„Го споредивме договорот, на пример, со оној што го склучи Чешка. Нашиот е без апсолутна трошка суверенитет“, рече Фицо, пренесува словачки „Стандард“.

Тој посочи дека според овој договор, на пример, на сојузничките авиони им се дава овластување да слетуваат и полетуваат само со најнеопходните технички дозволи.

Фицо, исто така, истакна дека словачките електрани не се заштитени со ПВО системи.

„Го испративме тоа што го имавме во Украина“, рече словачкиот премиер и додаде дека словачкиот систем „С-300“, што политичарите на поранешната влада го нарекоа отпад, украинските медиуми го пишуваат како ефикасна одбрана на воздушниот простор.

Прочитајте и:  ФТ: Никој не е на страната на Унгарија и Словачка во однос на испораката на нафта од Русија

Според „Стандард“, Фицо в среда во Ужхород ќе се сретне со украинскиот премиер Денис Шмихал, кому ќе му каже дека Украина нема да добие никакво оружје од Словачка.

„Ќе му кажам дека има работи за кои имаме сосема поинакво мислење, ќе му кажам дека кога станува збор за влез во ЕУ ги почитуваме, но тие мора да ги исполнат условите, а не земја која апсолутно не ги исполнува сите услови да влезе во ЕУ“, посочи Фицо.

Тој додаде дека и на украинскиот премиер Шмихал ќе му каже дека е против влезот на неговата земја во НАТО.

- Реклама -