Словачка ја укина забраната за културна соработка со Русија и Белорусија

Новоименуваната министерка за култура на Словачка, Мартина Шимковичова, ја укина забраната за културна соработка со Русија и Белорусија, објави словачкиот весник Правда. Документот, потпишан на 12 јануари и стапи во сила на 15 јануари, ја укинува забраната воведена како резултат на руската агресија врз Украина.

„Во светот се водат десетици воени конфликти и според нас, уметниците и културата не треба да ја платат цената за тоа“, рече Шимковичова, коментирајќи го укинувањето на забраната.

Забраната за културна соработка со Русија и Белорусија е на сила во земјата од март 2022 година во врска со целосната инвазија на Русија врз Украина. Ја воведе поранешната министерка Наталија Миланова. Таа рече дека министерството зазело јасна позиција осудувајќи ја руската инвазија на соседната земја.

Прочитајте и:  ЕУ подготвува амбициозен план за целосен прекин на увозот на енергенси од Русија

Словачка потоа забрани секаков контакт со културни и уметнички институции на двете земји, организации базирани на нивната територија или оние со финансиски врски со јавни или приватни извори од Русија или Белорусија. Дополнително, беше дефиниран опсегот на лица на кои им беше одобрен пристап до чувствителни информации за културното наследство. На медиумите им беше забрането да се повикуваат на  Спутник и Раша Тудеј.

МИА

- Реклама -