Словачка ја блокираше планираната испорака на оружје за Украина

Словачката Влада денеска блокираше голема испорака на оружје за Украина, планирана од претходната влада, во согласност со ветувањата на новиот премиер Роберт Фицо.

„Владата не го одобрува предлогот за подарување воена опрема на Украина во вредност од 40.3 милиони евра“, се наведува на официјалната веб-страница на Владата.

Тој предлог за 14-тиот пакет помош подготвен од претходната администрација на Министерството за одбрана вклучува испорака на муниција од 7.62 милиметри и голем калибар за топовите 125 милиметри, како и противвоздушни ракети и мини.

Новата коалиција на Фицо, која дојде на власт на крајот на октомври, најави дека во иднина помошта за Украина ќе биде ограничена на хуманитарна и цивилна помош.

Фицо посочи дека ако некоја словачка компанија сака некаде да произведе оружје и да го достави во Украина, никој нема да ја спречи.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Словачка на Киев му доставила воена опрема вредна 671 милион евра.

МИА

- Реклама -