Скопје ослободува млади семејства од 60% од комуналиите за градба на дом.

Град Скопје ќе ослободи млади брачни парови до 40 години и самохрани родители од 60% од комуналиите за изградба на дом.

5
Скопје ослободува млади семејства од 60% од комуналиите за градба на дом. (Опсервер)
Фото: Опсервер

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави мерка со која млади брачни парови до 40 години и самохрани родители што градат дом во Скопје ќе бидат ослободени од 60% од комуналиите.

Ослободувањето се однесува на делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Град Скопје и важи за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план на градот. За да се достигне целосно ослободување, потребно е и скопските општини да се приклучат со ослободување од својот дел од комуналиите.

Мерката ќе стапи во сила по објавувањето во службените гласила, а барањето за аплицирање ќе биде достапно на веб-страницата на Град Скопје.