Со одлука на Националното Жири, чешката лимузина е носител на овогодинешната титула, а Renault Captur е СУВ на годината.
Škoda Octavia повторно е носител на највредното автомобилско признание Автомобил на Годината, кое бележи 20 годишно постоење на овие простори. Mazda3, Mercedes CLA, Mitsubishi Space star, Peugeot 308, Škoda Octavia, Suzuki S-Cross, Peugeot 2008 и Renault Captur, рамноправно конкурира во трката за титулата најдобар модел и најуспешна SUV изведба за 2014 година.
Титулата СУВ на Годината во Македонија оваа година оди кај Renault Captur. Компактниот кросовер плени со својата авангардност за што сведочи ова признание.
Овие два модела им се придружуваат на досегашните победници: Fiat Bravo/Brava во 1996 година, Renault Megane 1997, Opel Astra 1998, Škoda Octavia 1999, Fiat Punto 2000, Seat Leon 2001, Toyota Corolla 2002, Mazda 6 2003, Mazda 3 2004, Seat Altea 2005, Vоlkswagen Passat 2006, Opel Corsa 2007, Kia Cee`d 2008, Volksvagen Golf VI 2009, Opel Astra IV 2010 и Hyundai ix35 2011, Кia Rio 2012 и Seat Leon 2013.
Tрадиционално, гласањето се одвиваше и на порталот АвтоПлус.