Освежената варијанта на Škoda Yeti се појави неочекувано со неколку шпионски фотографии, кои може да се најдат на интернет просторот. Официјалната премиера на автомобилот ќе се одржи во септември на салонот во Франкфурт.
Пробен прототип бил забележан од папараците во Чешка. Од фотографиите се забележуваат некои интересни детали од новиот дизајн, но и некои посебности, кои едноставно заинтригираат, но ќе ги видиме во вистинско светло кога возилото ќе биде претставено официјално. Според извори од компанијата се најавуваат построги црти и аголна предна маска.
Се очекува моделот да го прифати дизајнерскиот јазик што го наметнаа последните модели – Citigo, Rapid, Octavia и Superb. Ако тоа се покаже како точно, можеме да очекуваме правоаголни фарови, нови браници, LED светла позади и надграден ентериер. Моторите најверојатно ќе останат непроменети.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус